Како дополнителна форма на работа во состав на библиотеката функционира одделот игрална која е формирана пред 30 години, како прва и единствена игрална во Република Македонија. Таа е достапна за деца од предучилишна возраст од 3.5-5 години , деца кои не посетуваат други предучилишни установи. Со нив работи стручно лице, педагог. Игралната работи секој ден од 12 до14.30 часот, а покрај секојдневните активности таа во текот на целата година организира повеќе приредби од кои две се традиционални: една Новогодишна и една завршна која се одржува во првата половина на месец јуни.

|