Мисија и визијаСтратегијаИсторијатeКнигаПромоции и критики Културно наследство Поети и писатели почетници Издавачи БиблиобусКалендариум Извештаи

Проекти

Анкета

Кои нови услуги би сакале да бидат воведени во Градската библиотека
 
Добиј книга дома PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Среда, 02 Ноември 2011 09:53

НАЈНОВО ОД ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ – СКОПЈЕ!

Од декември 2011 година, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје на своите читатели им нуди нова можност. Најновата услуга гласи „ДОБИЈ КНИГА ДОМА“.
Првенствено оваа услуга ќе важи за стари, изнемоштени и инвалидизирани лица, кои не се во можност да ги посетат просториите на библиотеката. За таа потреба одговорно лице, по претходна пријава на нашата интернет-страница, доаѓа
кај вас дома, ја носи вашата членска карта и книгата за која сте заинтересирани.

Цените на услугите се идентични како и за другите корисници и тоа:
• Годишна членска карта за возрасни – 250 денари;
• Годишна членска карта за пензионери и лица над 65 години – 150 денари;
• Амортизација за користење книга (2 недели) – 15 денари;
• Годишна членска карта за деца до 14 години – 100 денари;
• Шестмесечна членска карта за возрасни – 150 денари;
• Шестмесечна членска карта за деца – 70 денари.

Постапка за користење на оваа најнова можност:

• На посебно означеното поле на нашата интернет-страница „ДОБИЈ КНИГА ДОМА“, доколку не сте член, ги оставате вашите лични податоци, адресата и телефонскиот број за контакт. Доколку сте член од порано со важечка членска карта, го оставате бројот на картичката;
• Во означеното поле го пишувате насловот или насловите на книгите (најмногу 3) за кои сте заинтересирани;
• Одговорното лице од библиотека, во рок од два дена, ќе ве посети и ќе ви ја достави бараната книга доколку ја имаме во колекцијата на библиотеката.

Напомена
Оваа услуга важи само за граѓаните на територијата на град Скопје.

Последно освежено на Вторник, 20 Декември 2011 15:23
 

Нов коментар


Сигурносен код
Нов код

Мудрите за книгата


Notice: Trying to get property of non-object in /home/gbskmk/public_html/2015/plugins/content/vote.php on line 23

„Уживај во малите работи, бидејќи еден ден ќе се свртиш зад себе и ќе видиш колку тие биле големи.“